Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак 

1893

Секој знак си има лоши и добри страни. Оние кои имаат поголемо познавање од астрологијата, сигурно се запознаени со основните карактеристики на знаците – Биковите се мрзливи, Раковите се со променливо расположение и слично.

Но, како се поврзани добрите и лошите особини на секој знак?

Се разбира не можете секогаш да бидете најдобрата верзија од себе, но можете да се обидете овие „негативни“ карактеристики да ги употребите за ваше добро. Погледнете како да го направите тоа.

Овен

Најлошото нешто кај Овните е нивното детинесто однесување. Тие се склони кон незрело однесување, но ова доаѓа од нивната невиност и недоволното искуство во справување со работите „како што треба“. Природата на Овните е освежувачка и полна со енергија бидејќи тие го искусуваат светот со отворени очи и срце. За да го извлечете најдоброто од оваа енергија, слушајте го вашето внатрешно дете и откријте што го повредува или му помага. Некои луѓе едвај паметат какви биле како деца, но Овните секогаш остануваат во контакт со тоа невино и чисто место во нивното срце. Слушајте го гласот во вас кој е во хармонија со вашите неискажани потреби и почнете да им помагате и на другите.

Бик

Најлошата особина на Биковите е нивната тврдоглавост. Бикот е знак кој е посветен на својата безбедност и својот начин на живот и тој не сака кога луѓето го променуваат тоа. Биковите тешко се разделуваат со нештата, и физички и емоционално, бидејќи се премногу исплашени од промената. Токму од овде произлегува нивната тврдоглавост, но ова ги прави и многу лојални. За да го извлечете најдоброто од оваа карактеристика, осигурете се дека сè за коешто сте приврзани ви е од некаква корист. Дали тоа е она што навистина го сакате? Немојте да се ограничувате.

Близнаци

Секогаш кога ќе се соочат со конфликт или некоја негативност, првиот инстинкт на Близнаците е да избегаат и да најдат поопуштена средина. Тие сакаат да предизвикуваат неволји, но кога некој ќе ги обвини за тоа, тие ќе бегаат и ќе ја избегнуваат ситуацијата на секој можен начин. Подобрете го квалитетот на вашите мисли и активности. Немојте да ја користите својата ментална способност за озборување или за неважни разговори. Искористете ја вашата енергија за истражување, читање и учење. Вашата љубопитност можете да ја искористите без да ги повредувате другите.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2