Мусака со печени пиперки

152

Сакам печени пиперки во било која форма. Ова една од тие, за мене, највкусни. Можат да се додадат и пиперки, но предходно варени 10 мин.

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 2 кромид
  • 10 печени пиперки, поголеми, исчистени
  • 1 јајце
  • 1 павлака (180 ml чаша)
  • 1 лажица сув зачин
  • малку сол и бибер
  • 1 чаша вода
  • 3 – 4 лажици масло

Подготовка

  • Исечкајте кромидот, додадете малку вода и сув зачин и динстајте 15 минути.
  • Додадете го меленото месо и продолжете со динстањето околу 20 минути со додавање малку вода.
  • Вклучете ја рерната на 200 степени за да ја загрее.
  • Земете огноотпорен или керамички сад, тава, и премачкајте со масло.
  • Пиперката “отворете” ја, исечете и поделете ја на три дела.
  • Покријте го долниот дел од тавата со пиперките, преку нив ставете половина од месото, па уште еден ред пиперки и месо.
  • Остатокот од пиперките, колку и да се, ставете ги во последниот ред.
  • Можете да го замените средниот ред пиперки со компирите споменати погоре.
  • Изматете го јајцето со павлаката, водата, солта, биберот и прелијте ги пиперките.
  • Печете еден час, до еден час и половина, во зависност од рерната и колку треба да се загрее тавата.
  • Готово е кога ќе се фати убава кора.

Служете топло. Пријатно.

Domaći Recepti