Како да сфатиме дека имаме сончева алергија?

3266

Сoнцето надвор станува посилно.

Дури и да е облачно, неговите зраци стигнуваат до нашата кожа и можат да предизвикаат разни проблеми, ако не сме ги презеле потребните мерки. Доста луѓе мислат дека сè уште е рано за креми за сончање, но грешат, еве зошто.

Што претставува сончевата алергија?

Сончевата алергија се среќава кај една петтина од населението во светот. Ја нарекуваат уште “полиморфна светлосна ерупција” (PLE). Таа се појавува по видливи делови на телото или оние кои се најмногу изложени на штетните сончеви зраци, на пример рацете, лицето, градниот кош.

Влијае повеќе млади жени отколку мажи. Некои луѓе се раѓаат по наследство со светла кожа и се повеќе склони кон развој на сончева алергија. Затоа кај едни таа се развива полесно и не бара сериозно лекување, додека кај други ситуацијата е поинаква и се наметнува терапија со лекови.