5 начини да се заштитиме од пролетните алергии

1097

Пролетта дојде, а со неа и цветните грмушки, дрвја и цвеќиња. Време е и за пролетно чистење.

За сите, алергични на полен, убавината на пролетта останува во позадина. На преден план е постојаното солзење на очите, подуени лице, течење на носот.

Видете неколку трикови претставени во Health, со кои ќе ги ублажите симптомите:

Исчистете ја машината за перење

Топло и темно – идеална средина за бактерии и габи. Детергентите се немоќни против нив. “Ги советувам пациентите секогаш да ја чистат машината и особено вратата и гумената заптивка со белилото барем 2 пати месечно”, коментира Нијда Огден, алерголог.

Други навики поврзани со перењето, исто така, можат да помогнат. Такви се да не се задржуваат влажни алишта во машината или да се отвора широко вратата, за да може машината да се исуши.

Внимавајте како бришете прашина

Чистењето на правот од мебелот со сува крпа може да доведе до многу повеќе штета отколку корист. Користете влажна крпа или влажна хартиена крпа – правот ќе исчезне од мебелот, но нема да биде во воздухот, туку на четката. Ова е од особена важност за сите кои страдаат од астма и алергии. Правта е составена главно од мувлини спори, влакна, влакна на домашни миленици.

Кога чистите прав, користете ракавици. Не заборавајте да ги измиете рацете добро откако ќе завршите.

Излегувајте во соодветен дел од денот

Различните типови полен се активни во различно време во текот на денот. Има сајтови во кои може да се види кои цветови кога се активни. Избегнувајте ги тренинзите на отворено. Ако времето е ветровито, исто не тренирајте.

Изберете внимателно правосмукалка

Искористете кеси за еднократна употреба. Чистете ја од прав и самата правосмукалка.

Исчистете сè дома

Експертите тврдат дека завесите треба да се перат секој ден. А често и треба да се заменуваат перниците.

Топлата вода е најдобар начин да се отстранат алергените. Исчистете го добро и гардероберот, таму исто така се кријат многу алергени.