Корените на скоро секоја болест во основа лежат во психата на човекот. Човекот умее да се контролира, но ако ги премине границите на здравото однесување, неговото тело може да резултира со болест.
Преголемата самоконтрола многу често значи и осуство на природното течење на енергијата што е основен услов за добро физичко и психичко здравје. Луѓето кои по секоја цена ја задржуваат енергијата во себе, многу често во животот се среќаваат со проблеми.
Самиот живот преставува тек. Тоа го знаеле и самите филозофи: “Сѐ тече, сѐ се менува”.
Ако животот значи проток, тогаш задржувањето на тој проток значи смрт. Она што задржуваме во себе, понатаму не може да тече и резултира со мртвило.
Многумина кои се во брак, се обидуваат цврсто за себе да го држат партнерот притоа не дозволувајќи му неговата енергија слободно да тече. Во овој случај, најчесто браковите завршуваат со развод.
Со задржувањето на енергијата можете сѐ што постои во вас да “убиете”.
Да се опуштите во животот значи да ги постигнете сите цели на многу брз начин. Така функционира целиот Универзум.
Не ја задржувајте животната енергија по ниту една цена. Ослободете се од сите психички блокади и стравови, и вашиот живот ќе се смени на подобро.



















