Вага
На Вагите им е тешко да одберат страна. Тие сакаат мир и хармонија и ги мразат расправите. Вагите сакаат да бидат пријатели со сите и не сакаат да создаваат непријатели. Тие ја гледаат ситуацијата од сите страни и се обидуваат да најдат „златна средина“. Но, не може секогаш да биде така. Најдобро е секогаш да ја следите правдата. Бидете искрени, транспарентни и следете го вашиот сон да го направите светот подобро место.
Скорпија
Најлошата особина на Скорпиите е нивната опсесивност. Тие ќе се „закачат“ за некоја идеја, личност или врска и ќе истрошат многу енергија на тоа. Проблемите почнуваат кога Скорпиите ќе се приврзат за нешто што не е нивно, или кога ја вложуваат енергијата во нешто што не е во ред. Другите не ја разбираат посветеноста која ја поседува вашата душа. Искористете го ова за некој или нешто што навистина го заслужува вашето внимание. Понекогаш таа личност сте вие. Посветете го вашето внимание на вас. Пронајдете нешто што ќе ве направи поздрава и посреќна личност.
Стрелец
На Стрелците им е навистина тешко да одберат некој пат. Тие ги сакаат разновидноста и авантурите, па поради ова се растргнати на сите страни. Тие не сакаат да одат по еден пат, бидејќи постојано мислат и на другите. Она што треба да го сфатите е дека не постои „погрешен“ избор, вашиот живот ќе се одвива како што треба без разлика по кој пат се движите. За да се справите со вашата неодлучност, пробајте неколку разни начини, но на крај држете се до еден. Секогаш ќе ги имате сеќавањата и лекциите од вашите авантури. Понекогаш е потребно да му се посветите на нешто подолго од една недела.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 4



















