Доколку патот ве одведе на Куба, има неколку локации, кои не смеете да ги пропуштите.
Прошетка по старата Хавана
Многу работи во главниот град на Куба се импресивни, но бесцелно да се лута по улиците на стариот дел на Хавана, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО, е нешто без кое не се исплати да се оди дома.
Напијте се мохито во барот, во кој е измислен
Ла Бодегуита дел Медио е еден од најпознатите барови во целата земја, делумно благодарение на познати клиенти како Аљенде, Неруда и Хемингвеј, а делумно поради тоа што во него е измислен коктелот мохито. Свое место најде дури и во Џејмс Бонд во 2002 година „Умри вториот ден“.
Пушете кубански цигари
Можеби не сте пушач и веројатно мислите дека кубанските цигари пуши само елитата, но кога сте веќе тука посетете ја продавицата за цигари „Ла Каса дел Хабано“, која се наоѓа во близина на железничката станица. Исто така ако патот ве нанесе во февруари, уживајте во годишниот фестивал на цигари.
Преубавиот Тринидад
Кога ќе го видите ова место нема повеќе да се чудите зошто се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Многубројните фрески и куќи украсени со порцелан и кристали привлекуваат многу туристи кои непрекинато се се шетаат низ тесните улици.
Че Гевара
Повеќе од 50 години по револуцијата, Че се уште на Куба е омилен и популарен, така што чести се мурали со неговиот лик. Но споменикот во Санта Клара е нешто величенствено, па кој го сака Че, нека го запише ова место во рутата на неговото патување.
Исто така, најмладиот син на Че Гевара, Ернесто Че нуди мотоциклистички тури за посета на целата Куба на Харли Девидсон.
Сместување кај Кубанци
Сместување побарајте кај некои кубански семејства, затоа што е доволно добро и прифатливо. Заборавете ги хотелите и уживајте во дружење со домаќините и вечерите во нивниот дневен претстој.
Нурнете во длабочините на морето
Сетете се на она море што го гледате само на филмско платно. На Куба тоа навистина постои. Нуркањето тука не се заборава, а најдобро ќе уживате на плажите Гирон или Мариа Ла Горда.