Не се придржувајте слепо до сите правила | 9 лаги кои ќе спасат секое семејство

1527

Совети на пријатели & реалноста

Веднаш штом ќе се венчате, старите мудреци започнуваат со совети, не губат време, туку она што тие го научиле дека им годи се обидуваат да го пренесат на вас. Тоа не е секогаш добитна комбинација, затоа што сите луѓе се различни и треба сами за себе да осмислат “правила на однесување”, кои засекогаш “ќе ги држат за раце” …

Совет од пријатели: Никогаш не го лажи партнерот

Реалност: Ако мислиш дека треба – задолжително излажи го партнерот

Луѓето кои ве советувале никогаш да не го лажете својот сопруг или жена, најверојатно, и самите не се придржуваат до ова правило. Вистината е дека сите лажат! Премолчувањето или не кажувањето на целата вистина, исто така, се смета за лага.

Замислете си ја ситуацијата да му признаете на вашиот сопруг дека она новоно фустанче чини 5000 денари?! Тој би полудел! Вака ќе бидете мирни, бидејќи тој поверувал дека сте ја купиле на распродажба минатата година, само што тој не се сеќава на тој момент.

Совет од пријатели: Бидете нежна жена на која ѝ е потребна заштита од маж

Реалност: Биди она што си

Ако постојано се менувате и се жалите, на другата половина брзо може да ѝ здосади таков вид на вашето однесување. Водете сметка дека не сте дете, туку зрела жена. Стапивте во брак како рамноправен партнер на една заедница, па затоа е потребно подеднакво да го “повлечете” својот дел од товарот.

Совет од пријатели: Никогаш не користите секс за да го решите проблемот со вашиот сопруг

Реалност: Секогаш кога можете користите секс за помирување

Оној кој не го прекршил ова правило, нема никаква претстава колку е добар сексот за помирување. На крајот на краиштата, успеавте да ја надминете кавгата, нели?

Совети од пријатели: Поминувајте повеќе време заедно

Реалност: Не заборавајте на вашите пријатели

Квалитетот е многу поважен од количината на потрошеното време. Понекогаш е неопходно малку да се одделите за да се посакате еден со друг. Во ред е секој со своите пријатели да ја помине одвоено слободната вечер.

Совети од пријатели: Најдете заеднички спорт

Реалност: Уживајте сами во вашиот спорт

Нема ништо полошо од присилување на партнерот да го направи она што не го сака. Можете ли да го замислите вашиот сопруг на часови по салса? Бидете она што сте и дозволете му на вашиот сопруг да биде она што е. Не го менувајте!

Совет на пријатели: Никогаш не се расправајте за мали работи

Реалност: Карајте се, тоа е здраво

Малите нешта се тие кои најчесто го уништуваат бракот. Се насобираат многу мали работи кои ја прават планината проблеми преку кои не може да се помине. Поради тоа, слободно решете ги меѓусебе и тие најмали нешта кои ви одат на нерви, дури и ако тоа се чорапите, кој ги остава секој ден во ходникот, наместо да ги фрли во кошницата за алишта.

Совети од пријатели: Децата да ви бидат на прво место

Реалност: Децата одат по свој пат, партнерот останува со вас цел живот

Родителите едноставно мора и треба да се грижат за сите потреби на своите деца. Сепак, тоа не значи дека ќе заборавите на себе. Барем еднаш неделно земете време само за вас двајца. Децата ќе бидат во ред и без вас таа една вечер.

Совети од пријатели: Трудете се да се забавувате секој ден

Реалност: Не форсирајте

Зошто би се принудувале да излегувате во театар или кино или на кафе со пријателите, ако само ви се седи пред телевизор или едноставно ви се спие? Најважно е вие и вашиот партнер да се чувствувате добро, а што другите ќе мислат за вас, е помалку важно.

Совети од пријатели: Работете на вашата врска

Реалност: Животот не мора да биде толку сериозен

Многумина сериозно се посветуваат на анализирање на својот брак. Поминуваат часови и часови во сериозен разговор како што се: “Каде сме згрешиле …” Сепак, понекогаш е потребно само да се исклучите од постојаното опкружување, да уживате еден во друг, сетете се на почетокот на врската и никогаш не дозволувајте да влезе во вашиот брак трето лице.