Најскапоцената семејна мудрост | Како да ги научиме децата да бидат среќни!

165

Еднаш одел стариот мудрец по пат, ја гледал природата и уживал во светлите пролетни бои. Одеднаш, забележа маж кој носел на грбот некој тежок товар. Беше видливо дека нозете му се тресат од товарот.

– Зошто се осудуваш на толку напорна работа и страдање? – прашал старецот.

– “Се мачам да ги задоволам моите деца и внуци, за тие да бидат среќни”, рече несреќникот. – “Мојот прадедо себеси се осуди на тежок живот и работа за добро на мојот дедо, дедото за доброто на татко ми, татко ми за мене, а јас ќе се помачам за среќата на моите деца.

– Дали некој во вашето семејство бил среќен? праша мудриот соговорник.

– До сега, не, но сметам дека моите деца и внуци ќе бидат среќни! – извика сонувачкиот маж.

– За жал, неписмен човек не може да научи да чита, бидејќи кртицата не го воспитува орелот! – воздивна стариот мудрец.

– Прво мора да научиш ти самиот да бидеш среќен, и дури тогаш ќе можеш своите деца да ги научиш да бидат среќни. Тоа ќе биде најскапоцениот подарок од тебе.

Избрала и превела Весна Смиљаниќ Рангелов