Не кршете ја волјата на вашето дете – Силниот дух мора да остане недопрен!

137

Панталоните можат да се искинат, маицата да се извалка, косата да е неуредна, но силниот дух мора да остане недопрен.

Ова е, накусо, порака која ја испраќа една мајка, новинарка на Independent, Lauren Knight, која има син со силна волја.

Да се има тврдоглаво дете понекогаш е многу исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има малку непослушно мало чедо.

Оливер е тип на момче кое не дозволува да му ја скратат косата и тоа јасно ѝ го даде на знаење на својата амбициозна мајка.

“Не дозволувам да ме стрижат. Никогаш. Мамо, одговорот е никогаш”, со тие зборови тој одбил да ја задоволи молбата на мајка му да ги скрати неговите шишки.

Оливер има само 6 години и второ дете на Лорен. За разлика од првото, тој не се воздржува да им каже на возрасните или на врсниците во лице дури и она што другите не сакаат да го слушнат. Тој едноставно е директен, без влакна на јазикот и тврдоглав.

Од најраната возраст, ова момче јасно давало до знаење што сака, а што за него е неприфатливо. Од панталоните кои не одговараат со маичката до начинот на кој неговите родители го “ставаат” во кревет.

“Тој е дете кое има високи стандарди. Ако нешто не му штима, веднаш ви дава до знаење”, пишува неговата мајка.

Оливер не е проблематичен ниту тежок. Да се биде во негово друштво, всушност, убаво е, бидејќи е дарежлив и нежен. Тој ги забележува работите кои другите ги пропуштаат. Му се допаѓаат сите нијанси на паднатото лисје кое паѓа од дрвјата. Тој е креативен и јасен. Меѓутоа, кога не се согласува со нешто, тврдоглав е како мазга.

“Тој не сака да биде послушен затоа што тоа од него се бара. Тој е послушен само кога она што бараме од него има смисла. Понекогаш навистина е предизвик да се биде негов родител”, опишува Оливера Лорен.

Малечките тврдоглавци ќе израснат во вистински лидери

Да се има тврдоглаво дете понекогаш е многу исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има малку непослушно мало чедо. Всушност, оние деца кои му се спротивставуваат на авторитетот и не ја прифаќаат состојбата status quo без добри аргументи навистина се интелигентни и способни да размислува надвор од зададените рамки. Тоа се квалитети на успешните луѓе и гаранција за личен напредок во животот.

Laura Markham е психолог на универзитетот Колумбија. Таа тврди дека тие мали, најтврди ореви растат во моќни индивидуалци и вистински лидери. Таквите деца се поотпорни на меѓугенерациската конкуренција, а она што го сакаат, како по правило, и го постигнуваат.

Тоа се деца кои сакаат сами да учат и да ги совладаат вештините и не се потпираат на помош на другите. Таков став подоцна се прелева и на меѓучовечките односи. Тоа се мали личности кои не е лесно да се импресионираат, бидејќи тие сами избираат кој ќе биде важен во нивниот живот, а кој нема да остави впечаток врз нив.

Послушноста не е секогаш посакувана карактеристика

Најекстремен пример на послушност датира од Втората светска војна, кога германскиот народ послушно го следел нивниот лидер, кој еднаш рекол: “Ние сакаме послушен народ и затоа послушноста треба да се практикува, односно вежба”.

Психологот Alice Miller, која ги проучувала психолошките профили на лидерите на Третиот Рајх, објаснува како тие во детството морале да бидат многу послушни. Послушноста отсекогаш во нивните семејства била сметана како доблест.

Она што следело имало катастрофални последици за целиот свет. Послушен народ без поговор го следел својот лидер, се рушел колективниот морален кодекс, а милиони животи се исчезнати во виорот на катастрофалната војна. Прашањето на моралот од една страна и послушноста од друга страна е многу важно.

Се разбира, децата мора да бидат послушни во ситуации кога се во опасност. Тие треба да ги слушаат родителите кога ја преминуваат улицата. Тие треба да слушаат кога им е кажано дека не смеат да земат остар нож од кујната. Тие треба да бидат внимателни кога палиме оган. Има на илјата секојдневни примери.

Послушноста, сепак, мора да биде резултат на доверба, а не скршена волја!

Ако сакаме нашите деца да бидат послушни, бидејќи ни веруваат дека работиме во нивен најдобар интерес да слушаат, затоа што го познаваме нивното срце и тие нашето, тогаш втерувањето страв во коски и казнувањето треба да биде засекогаш исфрлени од семејното воспитување.

Ние сакаме нашите деца да прераснат во здрави поединци кои самостојно можат да донесат вистински одлуки. Затоа, занемарете ги малите нешта. Косата може да биде нечешлана, панталоните скинати, маицата извалкана, но здравиот дух мора да остане недопрен!