Сите мистерии на спиењето

1295

Колку е навистина опасно да се будат месечари, зошто имаме темни кругови под очите ако не сме заспале и зошто знаеме да се стресеме кога ќе заспиеме, се само некои од мистериите што експертите се обидоа да ги објаснат.

Луѓето трошат една третина од животот спиејќи. Познато е дека е оптимално да се спие осум часа, како и фактот дека квалитетниот сон е клучен за добро здравје и закрепнување на организмот од претходниот ден. Покрај она што е познато, некои податоци за спиењето сè уште се мистерија.

Експертите за „Дејли меил“ објаснуваат зошто очите неконтролирано треперат од замор, зошто некои соништа се паметат, а други не, зошто телото се тресе во длабок сон и многу други непознати.

Зошто имаме лош здив наутро?

За време на спиењето се произведува значително помалку плунка, предизвикувајќи сушење на усната шуплина и ослободување на соединенија што содржат сулфур. Остатоци од храна помеѓу забите, чад од цигари и инфекции на непцата поттикнуваат дополнителен раст на бактериите, што дополнително го влошува целокупниот впечаток. Затоа е од големо значење да ги миете забите пред спиење.

Продолжува на страна 2