Шведски истражувачи развија тест, благодарение на кој може да се открие ракот само врз основа на анализа од една капка крв.
Тестот е развиен на Универзитетот Умео и покажал 96% точен резултат, пишува специјализираното списание “Cancer Cell”. Научниците објаснуваат дека тестот се базира врз анализата на ДHK на тромбоцитите.
Според нив т.н. течна биопсија може да се користи во комбинација со веќе постоечките методи за откривање на рак. Научниците се надеваат дека откритието ќе помогне за дијагностицирањето на ракот во многу случаи, кога шансите за успешно лекување се поголеми.