Мажите најчесто ги изневеруваат овие жени

359

Студијата спроведена од Универзитетот во Конектикат ги анализира односите каде едниот партнер заработува значително повеќе од другиот, а целта била да се утврди дали јазот во заработката ја зголемува веројатноста дека едниот партнер ќе го изневерува другиот.

Добро е познато дека потпирањето на некого финансиски може да влијае на чувството за моќ и еднаквост во врската и дека лицето кое е финансиски зависно од партнерот го компензира тоа на несоодветни начини. Истражувачите беа водени од ова мислење.

На крајот, тие заклучија дека кога жената заработува значително повеќе од партнерот, големи се шансите тој да ја изневерува.

Тие заклучиле дека мажите на возраст меѓу 18 и 32 години кои заработуваат 70% од приходот на домаќинството имаат помала веројатност да изневеруваат од своите партнери, додека мажите кои заработуваат значително помалку од своите партнери, веројатно ќе ја измамат поубавата половина.

„Луѓето кои се финансиски зависни од својот партнер, понекогаш го доживуваат неверството како обид да се врати правдата во една врска. Мажите можат да доживеат таква зависност особено заканувачки.

На економски зависен човек, неверството, во главата му дозволува да се вклучи во однесување што ќе ја компензира финансиската зависност, во исто време да се оддалечи од партнерот кој носи леб во домот“, заклучува лидерот на истражувањето.

Научниците од Националниот автономен универзитет во Мексико спроведоа студија за да утврдат кој вид на жена ги прави мажите посреќни, а тие дојдоа до многу интересни резултати.

Имено, иако многумина гледаат на изглед при изборот на партнер, истражувањето покажало дека тоа е всушност најмалку важната ставка.

Истражувањата покажаа дека мажите кои имаат пополни девојки се посреќни од мажите кои се во врска со тенки жени. Па дури и 10 пати.

Мажите кои имаат полни жени се смеат почесто од мажите со тенки жени и се многу посреќни. Слабите жени се почесто порезервирани, пофокусирани на изгледот и помалку експресивни, што исто така го потиснува нивниот однос со мажот со кој се во врска, се наведува во заклучоците.

Додаваат дека на пополните жени им е полесно да ги решаваат проблемите и конфликтите во односите.