Лионел Меси во Манчестер Сити

1933

Веста што вчера ја шокираше спортската јавност е дека Лионел Меси сака да ја напушти Барселона, каде помина 20 години.

Сега се појавуваат нови детали од сагата.

Каталонските медиуми, пред сè „РАЦ1“, кој, на крајот на краиштата, беше првиот што соопштил пред една недела дека Аргентинецот има намера да го напушти стадионот „Камп Ноу“, пренесува дека Меси го избрал клубот во кој сака да ја продолжи кариерата.

Тоа е, како што се наведува, Манчестер Сити, на чија клупа седи Пеп Гвардиола.

Во понатамошниот текст е напишано дека најдобриот фудбалер на светот го повикал својот поранешен шеф пред три дена и во таа прилика изразил желба да замине на Островот.

Меси и Гвардиола соработуваа во Барселона во периодот од 2008 до 2012 година, а многумина веруваат дека тимот од Блауграна беше најдобриот, односно најдоминантен во историјата на фудбалот. Во тој период тие освоија три титули во шпанското првенство, два трофеи во Лигата на шампионите и два Кралски купови.

Заклучено е дека многу ќе зависи од условите на трансферот, односно дали и колку ќе мора Манчестер Сити да плати обештетување на Каталонците.