Математичка задача за 5-то основно училиште ги збуни и возрасните | Ова би требало 10-годишниците да го решат?

821

Неодамна, една мајка од Бостон, САД, сподели на Reddit математички проблем што нејзиниот 10-годишен син, петтоодделенец, морал да го реши за домашна задача.

Задачата бара од децата да пресметаат колку страници има една книга, а многумина на форумот признале дека не би знаеле сами да ја решат.

„Марк ги прочитал првите 30 страници во понеделникот, а потоа уште 1/8 од книгата во вторникот. Преостанатата 1/4 од книгата ја прочитал во средата. Колку страници има една книга?“, стои во поставената задача по математика за учениците од петто одделение.

Речиси сите на Reddit напишале дека прашањето е претешко за десетгодишните деца, па е објавено со назнака „Проверете дали сте попаметен од ученик во петто одделение“.

„Често мислам дека некои луѓе треба да бидат тестирани за некои основни вештини пред да бидат „пуштени во општеството“. Но, потоа гледам вакво нешто и сфаќам дека и мене не требало да ме пуштат меѓу луѓето…“, се пошегува еден корисник, но имаше и пар од нив на кои равенката не им била толку тешка.

  • „Всушност изгледа како и секој друг математички проблем што сум го решавал во 5-то одделение“, напишал еден.

А дека задачата не е тешка, мислел иеден дипломиран инженер по применета математика, кој за сите што се мачеле со неа, понудил и решение.

– Поделете 30 страници со 5 за да видите колку е 1/8 од книгата, а одговорот е 6 страници – објасни тој.

  • Потоа, вели тој, едноставно помножете 8 со 6 што е 48 и равенката е решена, пишува NY Times.