Не е тајна дека многу жени “страдаат” од лажни главоболки за да немаат секс.
Но, дали знаете дека сексот исто така може да предизвика главоболка?
За да бидеме поконкретни, има главоболки предизвикани од оргазам, и тие се среќаваат почесто отколку што би претпоставиле.
Што е добро да се знае за главоболките по оргазам? На што се должат?
Овој тип на слабост предизвикана од оргазам и сексуална возбуда влијае и на мажите и на жените. Иако експертите не се категорични за причината сметаат дека тоа може да е поврзано со оние болки, кои се последица на физички вежби.
Според друго објаснување главоболката по оргазам може да биде предизвикана од адреналинот, чии нивоа се зголемуваат значително при интензивна сексуална активност.
Експертите исто така веруваат дека за време на оргазмот тензијата во главата се зголемува, предизвикувајќи главоболки. Ризик факторите вклучуваат: дебелина, стрес, значително зголемена сексуална возбуда, семејно оптоварување.
Кои се овие главоболки?
Без оглед на причината, постои досадна болка во областа на главата или вратот. Може да почувствувате ненадејна пулсирачка главоболка веднаш по оргазам кој исчезнува за неколку минути.
Главоболките, исто така, може да се појават после секс кога ќе станете и ќе се релаксирате и кога ќе легнете повторно.