Енергичната физичка активност е подобра

2138

Енергичната физичка активност може да е подобра за долговечноста отколку умерените физички вежби, покажува истражувањето спроведено во Австралија меѓу луѓето на средна и во напредната возраст.

Научниците следеле 204 542 лица над 45 години во текот на 6 години. Тие биле дистрибуирани во 3 групи – оние кои водат седентарен живот, практувачи на умерена физичка активност како пливање и оние кои тренираат поенергични спортови како аеробик или тенис.

Научниците откриле дека последната група го намалува ризикот од предвремена смрт за 13% во однос на оние кои водат седентарен живот. Кај луѓето со умерена физичка активност, овој процент е 9. Според д-р Мелоди Дин од Факултетот за социјална хигиена на Универзитетот во Сиднеј, овие резултати покажуваат дека лекарите и здравствените власти треба да го поттикнуваат енергичното вежбање како пат кон подолг живот.

Светската здравствена организација и здравствените власти во САД, Европа и Австралија препорачуваат еден возрасен човек да има барем 150 минути умерена физичка активност неделно или 75 минути – енергична физичка активност.

“Нашето истражување покажува дека дури и мали дози енергичен физички оптоварувања може да го намалат ризикот од предвремена смрт”, нагласува д-р Дин. Друго истражување, објавено во билтен на Американското здружение за срце наведува дека случаите на ненадејно запирање на срцето за време на спорт кај луѓе на средна возраст кои се физички активни, се реткост.