Срцето е моќен орган – чука 100.000 пати во само еден ден, пумпајќи пет литри крв низ нашето тело секоја минута за да нѐ обезбеди со доволна количина кислород, хранливи материи, витамини, минерали…
Нашиот животен стил чини 70 отсто од ризичните фактори, додека нашите гени се одговорни само за 30 отсто. Со други зборови, одредени навики трајно ќе го оштетат срцето и тоа ќе остари побрзо од останатите органи.
Алкохол, пушење, прекумерна телесна тежина, па дури и стресот му додаваат на нашето срце неколку години повеќе. Дека станува збор за навистина сериозен проблем, покажала и големата британска студија, која открила дека четири од пет возрасни лица имаат „старо срце“, а со тоа и зголемен ризик за кардиоваскуларни болести, срцев или мозочен удар.
Во каква состојба е вашето срце? Одговорете со „да“ или „не“
1. Дали отчукувањата на срцето во мирување ви се поголеми од 80 отчукувања во минута?
2. Дали сте жена?
3. Дали имате веќе дијагностицирани срцеви болести?
4. Дали пушите?
5. Дали имате дијабетес?
6. Дали боледувате од ревматоиден артритис?
7. Дали имате некоја бубрежна болест?
8. Дали сте имале атријална фибрилација?
9. Дали имате во потесното семејство член помлад од 60 години со срцеви болести?
10. Дали имате висок холестерол?
11. Дали имате висок крвен притисок?
12. Дали некогаш сте се лекувале од висок притисок?
Резултат
Колку повеќепати сте одговориле со „да“, поголем е бројот на ризични фактори на кои е изложено вашето срце и со тоа е и постаро. Грубо кажано, за секое „да“ можете на срцето да му додадете една година!



















