Убави во секоја прилика

1382

Додека некои жени без премногу труд изгледаат совршено во секоја ситуација, на некои за таков изглед им треба повеќе време.

Без оглед на сè, прочитајте ги нашите совети и дознајте што треба редовно да правите за да бидете на чекор до совршениот изглед…

Одржувајте ја кожата чиста

Состојбата на кожата како што се акните и флеките го расипуваат изгледот на вашето лице и тело. За да ја спречите нивната појава, користете тоници за чистење на лицето и хидратантни креми.

Кажете им „не“ на некои влакнаОбликувајте ги веѓите и отстранете ги несаканите влакна од лицето, рацете, нозете и останатите видливи делови на телото.

Посветете внимание на косата

Ако имате тенка и ретка коса користете шампон и балзам за волумен. Во зависност од типот на коса, изберете фризура која ви одговара.

Изберете облека која одговара на вашата градба

Една од најголемите грешки кои жените ги прават е погрешниот избор на гардероба. Мора да бидете свесни за своето тело и за тоа какви парчиња облека добро ви стојат. Ако не можете сами да оцените, побарајте нечија помош.

Со шминка нагласете ги вашите природни карактеристики

За совршен изглед користете шминка. Меѓутоа, водете сметка да ја користите само за да ги истакнете вашите природни карактеристики, а не како неопходен додаток. Користете маскара и ајлајнер за да ги нагласите очите, сјај за уста и малку руменило.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.