Словенија го стопира воведувањето на 5G

642
Еве као изгледа еден 5Г предавател. Проверете на вашите згради, можеби е на нив, а не сте знаеле.

Владата на Словенија ја тргна од дневен ред Стратегијата на Регулаторната агенција за комуникациски мрежи и услуги (AKOS) за распределување на фреквенција за 5G, а со тоа и го стопира воведувањето на оваа технологија во Словенија.

Ова е сторено по предлог на словенечкиот министер за јавна администрација Руди Медвед, кој за словенечките медиуми рече дека прашањата за штетноста на 5G технологијата се легитимни.

Словенија е првата земја во Светот која со Устав ја има заштитено водата како човечко право и јавно добро, и со тоа ги обезбедила нејзините извори на питка вода, за идни можни најважни стратешки ресурси, да останат национално богатство.

Одложувањето на расправата за одобрување на фреквенцискиот спектар за 5G, додека не се истражат ефектите од оваа технологија врз луѓето и животната средина, направен е чекор напред во заштитата на здравјето и зачувувањето на природата.

Постојат неколку силни еко-асоцијации во Словенија кои се посветени на пријателска технологија. Владата јасно го почитува нивниот став дека, и покрај притисокот од корпоративниот сектор и администрацијата на ЕУ, поважно е да се преземат соодветни мерки, така што развојот и напредокот да не ги загрозуваат човековото здравје и природата.

Словенија не е единствената држава што го одложила воведувањето на 5G технологијата, како што пренесува Храватското здружение за заштита од електромагнетно зрачење, тоа го има сторено и Швајцарија.

Швајцарската Национална агенција за заштита на животната средина (BAFU) испратила писмо до сите кантонски влади кон крајот на јануари, во кое е навено дека системот треба да се прилагоди така што зрачењето да остане под дозволеното ниво.

Препораката дека зрачењето треба да остане во границите на дозволеното ниво практично мрежата 5G е запрена, бидејќи швајцарските граници на зрачење биле премногу ниски за работата на 5G мрежите, а Парламентот првично одбил да го зголеми нивото.

Регионот на Брисел го стопира воведувањето на 5G, како и зголемувањето на пониските граници на зрачење.

politika.rs