“Младите не разбираат како размислуваат и што чувствуваат постарите. Но старците се виновни ако заборават што значи да се биде млад”. Dambldor („Hari Poter“)
Доколку имате дете тинејџер, кое целосно ве игнорира и со кое не можете да најдете заеднички јазик, издвојте малку време за да ја прочитате најкусата консултација со психолог. И тогаш пробајте и проверете дали е навистина делува.
Ја пренесуваме во целост ⇓
„Дојдоа заедно. Маж и жена. Прв пат кај мене. Јас уморна (петта консултација по ред), малку гладна, но целосно смирена.
– Јас сум прв пат кај психолог! – раздразнето зборува мажот. – Жената ме убеди да дојдам тука.
– И?
– Што „и“? Имам син. Ние имаме син. Син дебил! – нервозно одговори тој.
– Дебил е психијатриска дијагноза, – велам смирено. Вашиот син во таа смисла е дебил?
Мажот веќе почнува да ме гледа како дебил. Тогаш преминува со поглед кон жената, и немо ја праша: “Кај кого, воопшто, ме донесе?”
Таа се стутка, седи на крајот на столчето, го врти погледот. Рацете ги ставила меѓу колената. Тој почнува да се мурти, се врти кон мене, молчи. Молчам и јас. Извираат емоции, се невира сè повеќе и повеќе.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















