Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

1391

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емотивна празнина, и се чувствуваат ранливи, тажни, незадоволни и раздразливи.

Ова научно истражување на Aвстралискиот колеџ за применета психологија опфатило над 1.200 испитаници од Германија, Русија, Австралија, Нов Зеланд и САД.

Оваа состојба се нарекува „посткоитална дисфорија”, и вообичаено се јавува кај жените, истакнува проф. Роберт Швајцер.

Заклучоците од истражувањето говорат дека за голем дел од мажите, половиот акт е многу посложено емоционално доживување.