МАЛИ РАБОТИ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ | Дали знаете како да подготвите автомобил за зима? Зимските гуми се само почеток …

1319

Од бришачите до проверка на акумулатор – постуденото време носи мноштво други подготовки, а иако изгледаат како непотребен трошок, никогаш не вреди да сте шкрти на безбедноста.

Зимата со себе носи голем број проблеми во сообраќајот – од лизгави коловози, до потешко палење. Зимската опрема првенствено вклучува зимски гуми, па дури и ако законот не ве принудува да ги менувате (имате летни со длабок профил), инвестирајте во промената бидејќи од неа зависи животот.

Летните гуми на температури под 7 Целзиусови степени ја губат флексибилноста, а растојанието за сопирање се продолжува за приближно 25%.

Можете ли да се сетите колку пати сте морале силно да сопирате и сте застанале на само неколку сантиметри од другото возило? Да?

Сега замислете дека вашиот автомобил отишло 25% понапред и замислете што би можеле да се случи.

Според Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, во зимско време на сила е обврската за вклучување на светлата додека возите, без разлика дали се вози дење или ноќе. Покрај проверката на исправноста на сијалиците, проверете ја и исправноста на светлата, односно дали „фаровите“ можеби се поставени премногу високо или премногу ниско.

Ако поминало подолго време откако сте го смениле маслото во моторот, добро би било да го смените пред зимата. Ќе биде полесно да го стартувате моторот на автомобилот со свежо масло. Во зима, маслото со низок вискозитет обично работи подобро, но не заборавајте да ја проверите документацијата на автомобилот како што е советувано од производителот.

Акумулаторот треба да биде чист, сув и наполнет, а клемите и половите на батеријата треба да се исчистени и затегнати. Исто така, проверете дали каблите се добро и цврсто поставени, и дали се можеби некаде оштетени. Акумулаторите имаат век на траење. Обично е тоа од четири до шест години, па ако е стар купете нов. Ако, пак, живеете во област каде температурите се екстремно ниски, размислете да купите акумулатор со поголем капацитет или најголем што може да се смести во вашиот автомобил.

Во мини-резервоарот што ја содржи течноста за миење на шофершајбната додадете и антифриз или купете готова течност за миење на шофершајбната за зимата. Без ова, мразот може да го пукне мини-резервоарот или да ја оштети електричната пумпа. Исто така, проверете дали вашите бришачи се во добра состојба. Најдобро би било, за секој случај, да ги смените бришачите. Звучи како детал, но видливоста зависи од тој детал, а со тоа и брзината на вашата реакција.

Добро исчистеното стакло од внатрешната страна ќе биде помалку подложно на оросување и магла. Гумените заптивки на вратите може да се премачкаат со глицерин за да не се „лепат“ поради студот и кинењето на гумата, а заштитата на автомобилот со восок е добро решение за полесно отстранување на снегот и мразот.

Додадете антифриз во системот за ладење за да спречите проблеми предизвикани од замрзнување. Ако немате антифриз во системот за ладење, замрзнатата течност може да го оштети ладилникот или, уште полошо, блокирање на моторот. Имено, на температури под „нулата“ водата се претвора во мраз и нејзиниот волумен се зголемува за околу 10 проценти.

За каросеријата на вашето лимено милениче, солта, која се посипува на патиштата во зимските месеци, може да биде многу штетна. Лајсните, браниците и другите лимени делови се подложни на корозија, така што сите пукнатини и оштетувања на бојата на тие делови треба да се поправат пред зимата, бидејќи зимата може да ја зголеми штетата.

За да ја заштитите каросеријата, намачкајте го автомобилот со восок (ова можете да го побарате во речиси секоја перална), а исто така има и средства со кои можете да ја заштитите долната страна на автомобилот со заштитна обвивка. Лајсните и слично можете да ги заштитите со некој силиконски восок кој можете да го најдете на секоја бензинска пумпа.

За да не ви се „залепи“ вратата од автомобилот поради ниските температури, можете да ги премачкате и гумените површини со соодветно заштитно средство.