Рецепти за велигденска трпеза | Полнета погача

4401

Велигден е еден од најголемите христијански празници, кога целото семејство се собира и ужива во моментите поминати заедно.

Затоа, овој празник нека ви биде причина да подготвите посебни јадење и да ги одушевите вашите блиски.

Полнета погача

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 1 квасец
  • 2 јајца
  • 1 дцл масло
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка сол
  • 300 гр сирење
  • 200 гр маргарин
  • сол
  • сусам

Начин на подготовка

  • Квасецот матете го со 1 дцл млеко и малку шеќер и оставете го да отстои додека не почне да се појавува пена. Во сад додадете го брашното, маслото, јајцата, млекото, солта и квасецот. Потоа, замесете го тестото. Кога тестото ќе биде готово, покријте го со крпа и оставете да нарасне. Откако ќе нарасне повторно месете го.
  • Тестото поделете го на два дела. Потоа, едната половина повторно поделете ја на два дела, така што ќе добиете една половина и две четвртини од целото тесто. Едната четвртина поделете ја на три дела и секој дел поминете го со сукало, така што ќе добиете три помали кругови.
  • Помешајте јајца и сирење и матете ги со жица и потоа добиената смеса премачкајте ја на еден од круговите тесто, па одозгора ставете друг, нарендајте маргарин и на крај ставете го третиот круг. Направете топка и ставете ја во плехот за печење, на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Од останатата четвртина со сукало направете правоаголник и премачкајте го со смесата со сирење, нарендајте малку маргарин и свиткајте во ролат. Добиениот ролат исечкајте го на помали парчиња и наредете ги околу тестото во плехот.
  • Половината тесто којашто ви остана, со сукало направете ја во правоаголник, намачкајте со смесата од сирење, одозгора нарендајте маргарин и потоа свиткајте во ролат, но овојпат сечкајте го цик-цак за да добиете помали триаголници. Наредете ги околу топката измеѓу малите ролати кои претходно ги наредивте. Одозгора нарендајте уште малку маргарин и ставете сусам по желба.
  • Ставете да се пече во рерна загреана на 180 степени и печете додека погачата не се вцрвени.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Рецепти за велигденска трпеза | Пилешка салата со брусница