Велигден е еден од најголемите христијански празници, кога целото семејство се собира и ужива во моментите поминати заедно.
Затоа, овој празник нека ви биде причина да подготвите посебни јадење и да ги одушевите вашите блиски.
Пилешка салата со брусница
Состојки
- 500 гр пилешко бело месо
- 50 гр сува брусница
- 50 гр авокадо
- 100 гр бадеми/ореви
- 1 младо кромидче/може и стар кромид
- 200 мл мајонез
- 4 лажици крем јогурт
- 1 лажичка сенф
- сол
- бибер
- цеден сок од половина лимон
Начин на подготовка
Сварете го белото место, оставете да се олади и потоа исечкајте го на ситни парчиња. Ставете го во чинија и додадете ги брусниците. Младото кромидче исечкајте го на ситни парчиња, а оревите стиснете ги силно со нож. авокадото исечете го на мачи коцки. Потоа сè додадете во чинијата со месото и убаво промешајте.
Мајонезот измешајте го со крем јогуртот, сенфот, солта, биберот и лимоновиот сок. Добиената смеса прелијте ја преку месото и другите состојки. Убаво промешајте и ставете да се олади во ладилникот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















