Бремените жени треба да ги практикуваат истите мерки на претпазливост како и другите луѓе.
Сите бремени жени, вклучувајќи ги и оние со потврдена или сомнителна зараза со COVID-19, имаат право на висококвалитетна нега пред, за време на и после породувањето.
Под нега во овој контекст се подразбира предпородилна нега, нега за новороденчето, постпородилна нега, интрапартална нега и грижа за менталното здравје.
За да едно мајчино искуство со породување биде оценето како безбедно и позитивно, потребно е:
• Со жената да се постапува со почит и достоинство;
• За време на породувањето да може да биде присутен некој(а) кого жената ќе си го избере;
• Жената да добива јасни пораки или насоки од вработените во породилиштето;
• Да има соодветни стратегии за ублажување на болките;
• Секаде каде е тоа остварливо, да им се обезбеди на жените можност да бидат подвижни за време на трудовите, како и позиција за раѓање по нивен избор.
При сомнителен или потврден случај на COVID-19, здравствените работници ги преземаат сите мерки на претпазливост со цел да го намалат ризикот по себе и другите, вклучувајќи хигиена на рацете и соодветно користење на заштитна облека од типот на ракавици, скафандер и медицинска маска.
Доколку здрава трудница е позитивна Ковид-19, а е со лесна симптоматологија, неопходно е домашно згрижување и постојан контакт со својот матичен гинеколог. Во случај на влошување на симптомите, секако дека е неопходна навремена хоспитализација, соодветна грижа и спречување на идните компликации за мајката и плодот.
Слушнете уште совети од д-р Ана Данева-Маркова, специјалист по гинекологија и акушерство и доцент на Медицински факултет Скопје ?
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Доколку здрава трудница е позитивна Ковид-19, а е со лесна симптоматологија, неопходно е домашно згрижување и постојан контакт со својот матичен гинеколог. Во случај на влошување на симптомите, секако дека е неопходна навремена хоспитализација, соодветна грижа и спречување на идните компликации за мајката и плодот. Слушнете уште совети од д-р Ана Данева-Маркова, специјалист по гинекологија и акушерство и доцент на Медицински факултет Скопје ?
Gepostet von Венко Филипче am Montag, 6. April 2020



















