Совети на нашите баби кои вреди да се запаметат

560

Интересно истражување покажало дека помниме најмалку 20 совети кои нѝ ги дале нашите баби и често на нив се сеќаваме.

Бабите и дедовците нѐ бомбардираат со мудрости цело наше детство, а една интересна анкета на Daily Mail открива дека ќе запомниме во просек дваесет совети кои нѝ ги дадоа.

Покрај тоа, верувале или не дури, 70 % од испитаниците рекле дека веруваат дека постарата генерација е помудра од нивната. Совети кои подолго се паметат се “Однесувајте се кон другите како што би сакале другите да се однесуваат кон вас” и “убав збор ги отвора сите врати”.

Она што е уште повеќе интересно, над 10 % од луѓето тврдат дека тие здраворазумски совети на бабите и дедовците им помогнаа во бизнисот, а еден процент повеќе се заблагодарува на советите заради помошта во нивниот љубовен живот.

Две третини од возрасните ја пренесува мудроста на нивните баби и дедовци понатаму но, добри 56 % признава дека ги користеле тие совети во разговорите со своите деца.

Еве ја листата од дваесет најзапаметени совети:

1. Убав збор ги отвора вратите

2. Мора да се даде најдоброто од себе

3. Не купувај го она што не може да си го дозволиш

4. Однесувајте се кон другите како што би сакале другите да се однесуваат кон тебе

5. Насмевката може да те доведе далеку

6. Никогаш нема да добиеш нешто за ништо

7. Со вежбањето ќе го достигнеш совршенството

8. Никогаш не влегувај во автомобил со странец

9. Учи во училиште, затоа што никој не може да ти ја одземе дипломата

10. Семејството е секогаш на прво место

11. Ако не можеш да кажеш нешто убаво, не зборувај воопшто

12. Кој прашува, не талка

13. Не постои “не можам”

14. Ниту давател, ниту должник

15. Не пливај по јадење

16. “Сакам” никогаш ништо не добива

17. Никогаш не одете во кревет по караница

18. Немојте да пиете алкохол на празен стомак

19. Среќен брак е основата на среќното семејство

20. Никогаш не оди надвор со мокра коса

dailymail.co.uk/kukuriku.mk

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk