За убаво расположение | Симпатично зајаче изгледа како пудлица, сака да се гали и хит е на интернет – Видео

162

Вали е англиско ангорско зајче кој живее со неговиот сопственик во Масачустес во Америка и има уши што личат на ангелски крилја.

Со ова зајаче не може лошо да ви тргне денот, па уживајте во неговите преубави фотографии и “гризура”, кои станаа хит на интернет.

Роден е 2014 година, а неговиот сопственик на Instagram профилот секојдневно ги објавува неговите фотографии и видео снимки во кои ја покажува сета своја љубов према ова мекано чудо.

Повеќето од луѓете се воодушевени од ушите кои се украсени со долги влакна.

Секое утро во 7:00 во рубриката Занимливости можете да ги видите снимките или фотографиите За добро утро, кои ќе сторат денот да ви започне на најдобар можен начин.

Поглетнете ги фотографиите и видеото и заклучете сами: