- 1984, Џорџ Орвел (1984, George Orwell)
Орвел во оваа книга ги истражува прашањата за цензурата, пропагандата и индивидуализмот, кога протагонистот се бори да го избегне своето монотоно постоење.
- Сто години самотија (One Hundred Years of Solitude / Cien años de soledad), Габриел Гарсија Маркез (Gabriel García Márquez)
Ова е приказна за селото Макондо и неговите жители. Романот опфаќа 100 години од секоја генерација на семејството Буендија, чии грешки во минатото водат до негово уништување.
- Мајсторот и Маргарита (The Master and Margarita / Мастер и Маргарита), Михаил Булгаков (Mikhail Bulgakov / Михаил Булгаков)
Еден од најверојатно најголемите романи некогаш напишани, кои можат да се читаат на многу начини. Слоевитоста е тајната на генијалнот Булгаков.
Најверојатно сте го прочитале, можеби и неколку пати.
- Моби Дик (Moby-Dick; or, The Whale), Херман Мелвил (Herman Melville)
Одговорот на прашањето каде сè може да нѐ однесе бескомпромисната желба за одмазда по секоја цена.
- Грофот Монте Кристо (The Count of Monte Cristo / Le Comte de Monte-Cristo), Александар Дима (Alexandre Dumas)
Исполнет со интриги, љубов, сцени на борба и социјална сатира, ова е една од најдобрите книги за одмазда што некогаш биле напишани.
- Животинска фарма (Animal Farm), Џорџ Орвел (George Orwell)
Алегоријата и сатирата на советскиот комунизам, Фармата е приказна за група животни кои ја преземаат фармата откако го соборуваат својот господар – човекот.
Продолжува на страна 2



















