
- Малиот принц (The Little Prince / Le Petit Prince), Антоан де Сен-Егзипери (Antoine de Saint-Exupéry)
Првично објавен на француски, овој роман е приказна за пилот чиј авион се урнува во Сахара и неговата средба со момчето кое тврди дека е од друга планета. Иако е напишана како приказна за деца, овој роман е наменет за сите возрасти и ќе го разберете поинаку во зависност од животниот период во кој го читате.
- За кого бијат камбаните (For Whom the Bell Tolls), Ернест Хемингвеј (Ernest Hemingway)
“Ниту еден човек не е остров, сам по себе е целина; Секој човек е дел од земјата. Ако една грутка земја ја однесе морето, како да однело некој рт, како да го однело имотот на твоите пријатели или твојот.
Смртта на било кој човек ме намалува мене, зашто сум опфатен со човештвото. Затоа, никогаш не прашувај за кого ѕвонат ѕвоната – тие ѕвонат за тебе.”
- Кратка историја речиси на сè (A Short History of Nearly Everything), Бил Брисон (Bill Bryson)
Во еден од најдобрите научни водичи, напишан така за да може да биде достапен на јавноста, Брисон опишува сè – од големината и историјата на универзумот до подемот на човечкиот род во него.
Тој, исто така, раскажува за ексцентричните археолози, антрополози и математичари кои придонеле за најголеми светски откритија.
- Странец (The Stranger / L’Étranger), Албер Ками (Albert Camus)
Добитникот на Нобеловата награда за литература, го започнува Странецот со откритието на Мерсол за смртта на неговата мајка. Во недостаток на емоции ќе дојде до убиство на еден човек.
Поделена во два дела, приказната го следи животот на Мерсол пред и по убиството и го води читателот преку судски разврски до претстојна егзекуција.
- Злосторство и казна (Crime and Punishment / Преступление и наказание), Фјодор Достоевски (Fyodor Dostoevsky / Фёдор Достоевский)
Злосторство и казна е приказна за Родио́н Рома́нович Раско́льников, сиромашен и пропаднат студент од Санкт Петербург, кој смислил план да убие старица.
Со ова убиство планира да ги реши финансиските проблеми, но и смета дека е етички оправдано, затоа што тој, како поединец, се наоѓа над моралните правила кои ги обврзуваат другите луѓе. Што е оправдано во животот, а што не?
- Браќа Карамазови (The Brothers Karamazov / Братья Карамазовы), Фјодор Достоевски (Fyodor Dostoevsky / Фёдор Достоевский)
Позадината на оваа приказна што се случува во Стара Русија е убиството на таткото и семејното ривалство. Браќата Карамазови го следат животот на тројцата браќа и нивниот татко, а овие 800 и неколку страници се вредни за читање. Впрочем, сигурно веќе сте ги прочитале.
Се разбира дека има уште, но не можат сите да се соберат во една статија. Затоа напишете ни вие кои книги би требало да се најдат на оваа листа!


















