Тестирајте се | Дали припаѓате на луѓе со стара душа?

513

Меѓу нас има посебни луѓе, некои се отворени, а некои се повлечени. Тие со еден поглед зборуваат повеќе отколку со зборови. За нив велиме, дека имаат стара душа.

Дали сте можеби еден од нив?

Ако вашиот поглед на животот е различен од погледот на повеќето луѓе, не ве загрижуваат успесите, достигнувањата и материјалните добра, вие сте позрела личност. Помудри сте од другите, сигурно сте секогаш подготвени да го поделите советот, посамостојни сте, се следите себеси а не другите, во тој случај припаѓате на луѓе кои имаат постара душа.

За да бидете целосно сигурни во тоа, прочитајте ги деветте особини и карактеристики што ги имаат луѓето со стара душа. Ако се препознаете во овие карактеристики, или забележите дека некој од вашиот круг ги има, бидете сигурни дека сте носител на стара, искусна душа.

1. Осаменик
Стари души, кои во својот претходен живот доживеале или искусиле многу нешта, не се заинтересирани за интересите и постигнувањата на своите врсници, па затоа немаат вистински пријателски контакти. Тие претпочитаат да бидат сами, се држат до себе или имаат тесен круг на луѓе, кои се постари од нив.

2. Ве интересира знаење, мудрост и вистината
Звучи многу грандиозно и малку снобовски, но старите души ги привлекува интелектуалната страна на животот. Старите души самите по себе разбираат, дека знаењето е моќта, дека мудроста носи среќа и дека вистината ослободува. Значи, како поинаку би ве интересирале сите оние работи кои се поважни од модните правци и популарните трендови? Вашата стара душа не ја интересира ривалството меѓу пријателите, ниту озборувањата на непријателите.

3. Се стремите кон духовност
Емоционалните, стари души се исклучително нежни и чувствителни и духовно ориентирани. Тие не се заинтересирани за егото и за неговиот раст, туку се посветени на барање на просветлување, љубов и мир. Се чини дека таквите интереси се многу поумни и покорисни, од барање на материјална, и потврда за статусот и успехот.

4. Свесни сте за животот кој поминува
Старите души често размислуваат, не само за поминувањето на својот живот, туку и за минливоста на сè што нè опкружува. Затоа старите души се претпазливи и често се чуваат. И покрај тоа, мудро кормилираат низ животот и смислено го градат својот животен стил.

Продолжува на страна 2