Уште една жртва | 22 килограми пластика пронајдени во стомакот на мртов кит

178

Утробата на китот канта за ѓубре, узрок на смртта: кеси, пластични цевки, чинии, торби за шопинг … 

Светскиот фонд за дивиот свет предупреди на прекумерна употреба на пластика откако во стомакот на мртов кит, кој се насукал на брегот на Сардинија, се пронајдени 22 килограми пластични кеси и други предмети од истиот материјал, јавува новинската агенција АП.

Организацијата наведува дека во утробата на китот се најдени, покрај кеси и пластична цевка за градежни работи, потоа испреплетен најлон за риболов, пластични чинии, торби за шопинг, па дури и една кутија детергент на кој биле видливи марката и бар кодот.

Китот кој се насукал на брегот на Сардинија минатата недела, за жал, не е единствената жртва на човечката негрижа. На Филипини неодамна пронашле труп на кит во чија утроба се најдени околку 40 килограми пластика.

Светскиот фонд претходно предупредил дека пластиката претставува закана за морските животни, додавајќи дека во последните две години, пет китови починале поради голтање на пластични предмети.