Потењето за време на спиење може да биде показател за сериозно заболување

605

Постојат над 130 видови на рак на крв, па симптомите варираат во зависност од видот на болеста или од личноста.

Потењето може да биде безопасен знак дека ви е жешко или страдате од хормонална нерамнотежа, но честопати прекумерното потење за време на спиењето може да укаже на злобна болест.

Група истражувачи откриле дека еден од симптомите на карцином на крв е прекумерно потење за време на спиењето. Покрај потењето, на оваа болест укажува и нагло слабеење, постојано чувство на замор, болка во коските, инфекции, крварење и модринки.

Забележете дека сите овие симптоми можат да бидат безопасни, но доколку ги чувствувате, задолжително посетете лекар. Експертите истакнуваат дека начинот на живот не игра голема улога во добивање рак на крв, но важно е строго да се следат упатствата на лекарот доколку се дијагностицира оваа болест.