Вистинските пријатели ги препознаваме ТОГАШ кога немаме што да им дадеме

141

Наставникот почна да пишува на таблата:

9×1 = 9
9×2 = 18
9×3 = 27
9×4 = 36
9×5 = 45
9×6 = 54
9×7 = 63
9×8 = 72
9×9 = 81
9×10 = 91

Сите почнале да се смеат затоа што згрешил. Точниот резултат за равенката 9 x10 е 90.

Наставникот мирно чекал групата да се смири, а потоа им се обратил:

“Иако точно решив 9 равенки, никој од вас не ми честита. Но штом згрешив, ме исмевавте. Така е и со животот. Во животот се чека на вашата најмала грешка за да ве прозоват, исмеат и дискредитираат“.

Дали е тоа во ред? Не дозволувајте обичната критика да ви ги уништи соништата. Не грижете се за тоа што другите велат и мислат зад вашиот грб. Бидете благодарни на лажните пријателства и држете се настрана од таквите луѓе, особено од предаторите кои само го чекаат вашиот пад. Летајте високо над нивната завист затоа што тогаш нема да можат да ве гризнат.

Вистинските пријатели ги препознаваме кога немаме што да им дадеме, ниту со ништо ги почестиме, но и во нивните реакции на нашите успеси и неуспеси.