Дали сте знаеле дека Иво Андриќ не ја добил Нобеловата награда за романот “Na Drini ćuprija”

139

Иво Андриќ не ја добил Нобеловата награда за романот “Na Drini ćuprija”.

Кога Нобеловиот комитет му ја додели на Андриќ Нобеловата награда за литература во 1961 година, тоа не била награда за едно книжевно дело, туку „за епската моќ со која ги обликувал темите и ги прикажувал судбините на луѓето низ историјата на својата земја“. т.е. Андриќ ја добил наградата за целокупниот книжевен опус и придонес во литературата.

Во образложението на Нобеловиот комитет се споменуваат и други негови дела, по романот “Na Drini ćuprija”, а тоа се “Travnička hronika”, “Gospođica” и “Prokleta avlija”.

На 10 декември 1961 година се заблагодарил за признанието со својот говор “O priči i pričanju”.

Исто така, малку е познато дека Андриќ паричната награда од еден милион долари, со освојување на Нобеловата награда, ја донирал целосно за развој на библиотекарството во Босна и Херцеговина.