Molly McGinley (9) со парите од роденденот нахрани бездомници | Видео

10

Molly McGinley (9) од Манчестер одлучи сите пари кои ги добила за роденденот да ги потроши на храна со која ги нахрани гладните бездомници од нејзиниот град.

Идејата ја добила кога видела волонтери како секој ден носат оброци за оние кои живеат на улица.

Не сакала парите да ги потроши на слатки, играчки или игри па ја замолила мајка и да ја одведе во продавница да купат храна.

Моли ја посети 23-годишната Маргарет Смит која спие на Пикадили. Сонувала да стане пејачка, но завршила тажно. Била многу благодарна на шолјата топло кафе и храната која Моли и ја дала.

„Се шетав по улица и ги видов тие луѓе кои делеа храна за бездомниците. Ја прашав мама дали може и јас тоа да го направам и ми одобри. Купивме топли напитоци, супа и храна и и ја дадовме на Маргарет“, вели Моли.

Чинот на Моли ги разнежи Британците, а и луѓето ширум светот.

Бројот на бездомници во Велика Британија е во пораст, а според здружението Shelter, ги има близу 300.000, а порастот за оваа година е близу 13.000. Само во Манчестер на улиците живеат 154 лица.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.