Нов услов за живот во вселената ! Планетите слични на Земјата можеби се поретки отколку што мислиме

575

Ново истражување покажува дека на планетите им е потребна минимална количина вода за да бидат погодни за живот, а не само позиција во „вистинската зона“.

Планета лоцирана во таканаречената „зона погодна за живеење“ можеби не е доволен услов за развој на живот на неа. Ново истражување предводено од Haskelle White-Gianella од Универзитетот во Washington во САД открива дека на планетата ѝ е потребна не само вистинската локација, туку и минимална количина вода за да одржи стабилна клима погодна за живот.

На Конференцијата за геохемијаGoldschmidt“, одржана во Прага на 10 јули, White-Gianella ги презентираше резултатите од студијата што сугерира дека прагот од 20% од површинската вода на Земјата е клучен.

„Откривме дека постои праг на количина на вода потребна за одржување на стабилна клима“, рече White-Gianella на конференцијата, пишува „New Scientist“.

Без доволно дожд за да предизвика хемиски реакции во карпите, јаглерод диоксидот не може да се складира во почвата. Наместо тоа, се акумулира во атмосферата, зголемувајќи ги температурите над 126°C, што е премногу екстремно за познати облици на живот.

Овој механизам би можел да ја објасни трансформацијата на планетата Венера. Иако долго се смета дека главната причина за нејзиниот ефект на стаклена градина е зголемувањето на сончевата светлина, тим научници предводен од White-Gianella сугерира дека осиромашувањето на водата одиграло поголема улога во трансформацијата на споменатата соседна планета.

Симулациите со количината на светлина што ја прима Венера покажале дека дури и планетите со големина на Земјата, со доволно почетна вода, можат да ја изгубат својата способност да го регулираат CO2 и да станат непогодни за живеење.

Benjamin Tutolo од Канадскиот универзитет во Calgary истакна дека оваа динамика, на пример на Марс, била обратна. Таму, течната вода апсорбирала премногу CO2 и го складирала во форма на карбонати, разредувајќи ја атмосферата и предизвикувајќи ладење на целата планета.

White-Gianella нагласи дека „треба повнимателно да ја проучуваме геолошката историја на една планета“. Наоѓањето планета во соодветната температурна зона повеќе не е доволно за да се заклучи дали таа планета може да поддржи живот, поради сето погоре наведено.