Знаци дека имате недостаток на витамин К

173

Околу 31 процент од возрасните не внесуваат доволно витамин К, а недостаток на овој витамин може негативно да влијае на коските, зглобовите и срцето.

Постојат два основни типа на витамин К: витамин К1 и витамин К2.

Нутриционистот Ерика Џулсон објасни дека „витаминот К1 игра важна улога во згрутчувањето на крвта, додека К2 е поважен за здравјето на коските, го регулира растот на клетките и спречува артериска калцификација – фактор кој придонесува за срцеви заболувања“.

Одредена храна може да ви помогне да го надоместите недостатокот на овој витамин. Лиснат зелен зеленчук, брокула, тиква и сок од калинка се богати со витамин К1, а пилешкото, говедски црн дроб, путер, сирење, жолчки и свинско месо е богато со витамин К2.

На жените од 19 години и постари им требаат 90 микрограми витамин К дневно, а на мажите од 19 години и постари им се потребни 120 микрограми на ден. Според Националниот институт за здравство (NIH), повеќето луѓе внесуваат доволно витамин К секој ден, но има неколку знаци дека имате недостаток на овој витамин.

Претерано крварење

Ако раните не се згрутчат брзо, може да се појави претерана загуба на крв. Витаминот К придонесува за згрутчување на крвта, па ако раните не престанат да крварат, тоа може да значи дека ви недостасува овој витамин.

„Предупредувачките знаци можат да вклучуваат обилна менструација, крварење од носот, крв во урината или столицата и крварење на непцата“, вели Џулсон.

Ослабени коски

Витаминот К, исто така, игра улога во здравјето на коските, а некои истражувања поврзуваат земање повеќе витамин К со поголема густина на минерали во коските и помал ризик од пониски фрактури на колк, наведува NIH.

Проблеми со срцето

„Кога нивото на витамин К е ниско, калциумот може да се депонира во меките ткива како артериите наместо во коските“, вели Џулсон, додавајќи дека васкуларната калцификација е фактор на ризик за коронарна болест на срцето. Луѓето со хронично заболување на бубрезите имаат значително поголем ризик од васкуларна калцификација.

Се појавуваат симптоми на артритис

Кога нивото на витамин К паѓа премногу ниско, коските и ‘рскавиците може да не ги добијат сите потребни минерали. Ова може да доведе до поголем ризик од остеоартритис, според прелиминарната студија објавена во Journal of Nutrition and Metabolism.