Британците мастурбирале 25% почесто за време на изолацијата за да се справат со досадата и „убијат“ слободното време, покажува студијата.
Истражувањето покажа дека една петтина од возрасните признале дека гледале повеќе порно за време на првото ковид затворање, додека третина од испитаниците главно имале само сексуални фантазии.
Во тоа време, Британците живееле според најдраконските правила забележани за време на пандемијата, вклучително и забраната за средба со луѓе со кои не живееле.
Зачестено мастурбирање кај двата пола
Мажите во Велика Британија обично мастурбираат во просек два до три пати неделно, додека жените еднаш неделно.
Резултатите се засновани на анкета спроведена на 565 млади луѓе од универзитетите во Bournemouth и Roehampton. Студијата испитувала луѓе на возраст меѓу 18 и 32 години, чиј идентитет е анонимен.
Истражувачите велат дека луѓето ова зголемување ќе го припишуваат најверојатно на здодевност и на вишокот слободно време.
Порно и сексуални помагала
Само гледањето порно се зголемило за 19,5 отсто, а употребата на сексуални помагала се зголемила кај 8,5 отсто од испитаниците.
Околу 60 отсто од сите испитаници рекле дека гледале експлицитни содржини за возрасни за време на карантинот. Нешто помалку од 14 отсто рекле дека ја гледаат порнографијата како замена за сексот.
Околу 38 отсто од оние кои почесто гледаат порно рекле дека тоа го прават за да се справат со здодевноста, додека 24 отсто рекле дека се обидуваат да го пополнат слободното време.
Разводите и сексуално преносливите болести за време на изолацијата
Стапката на разводи се зголемила во текот на 2020 година, а британската адвокатска фирма Stewarts забележала пораст од 122 отсто упатства во текот на јули и октомври.
Во меѓувреме, бројот на луѓе со нови сексуално преносливи инфекции, вклучително ХИВ и хепатитис, нагло опаднал помеѓу март и мај во текот на годината, додека ограничувањата сè уште биле на сила, објави Daily Mail.





















