Треба ли да ги менуваме производите за нега на кожа

643

Кога станува збор за грижа за лицето, многумина се прашуваат дали е подобро да се користи еден ист производ секојдневно и од што зависи смената.

Според дерматолозите нема проблем со оваа практика, под услов да ја следиме кожата и ги направиме потребните промени, кога таа има потреба од нив. Фактори кои ги одредуваат промените во кожата, се возраста, хормоните и стресот.

Со други зборови, грижата треба да одговара на потребите на кожата. Така на пример, во некои месеци таа е посува или помрсна отколку во другите делови на годината.

Кога кожата ќе почне да се суши, таа има потреба од производ кој ќе ја хидрира. Тогаш кремот или серумот, кој до овој момент сме го користеле, веќе не е ефикасен. Така разбираме дека е време е да размислиме за промена на козметичкиот производ.

Ако тој не е погоден за нашата кожа, освен сувост, постои ризик да бидеме погодени од иритација и појава на мозолчиња. Кога ќе забележиме некаква промена или каков и да е кожен проблем, препорачливо е да се консултираме со дерматолог. Тој може да ги оцени кожните проблеми и да го предложи највистинското решение за него.

Сепак не треба да го менуваме козметичкиот производ премногу често и исто така не е препорачливо да нанесуваме премногу од него, бидејќи премногу големото количество хемикалии може да ја оштети кожата.