Изградил ротирачка куќа | Жена му сакала да ја будат сончеви зраци | Видео

284

ВОЈИН КУСИЌ од Србац, град во Босна и Херцеговина на границата со Хрватска, изгради ротирачка куќа.

„Кога работев на семејниот дом, жена ми кажа: „Сакам спалната соба да биде покрај патот за да ме будат сончевите зраци“.

Дневната соба беше на другата страна. Потоа ѝ здодеа.

“Се чувствувам како да сум затворена во кафез. Сакам да видам кој доаѓа во мојот двор, а кој стои покрај патот”, рече таа.

Тогаш го преградив ѕидот. Работев дневна соба од друга страна и имав полни раце работа. Потоа почнав да го правам ова. Кога ме прашаа зошто, реков дека ми е здодевно. Жената сега сака од оваа страна, потоа сака од друга страна. Сега се врти па нека одлучи самаа како сака раскажа Кусиќ за Nova BH.

Тој се пошегува дека куќата, покрај погледот, има и некои други предности.

„Кога гледате дека доаѓаат несакани гости, ги вртите скалите на другата страна“, вели тој.

Тој раскажа и една анегдота што се случила по забавата по повод изградбата на необичната куќа.

“Кога доаѓаа гостите куќата беше на една страна, а кога си заминуваа на друга, така што, не знаеа од која страна да си одат дома” низ смеа се присети Војин, кој воглавно сам ја дизајнираше и изгради куќата.