Што ја прави Јапонија уникатна ? 10 работи кои кај нас се секојдневни, а кај нив забранети

190

Јапонија е посебна земја – не само што земјата е неверојатно организирана, туку луѓето се водат според принципот на обѕир кон другите.

1. Никогаш не покажувајте со рака на нешто во јавност и намалете го тонот на гласот

Укажувањето на луѓе или работи во Јапонија се смета за непристојно. Наместо да покажат со прст кон нешто, Јапонците нежно мавтаат со раката во правец на она што сакаат да го покажат. Кога мислат на себе, луѓето ќе го допрат носот со показалецот, наместо да покажуваат кон себе. Слични манири се однесуваат и на вербалната комуникација – нежно, одмерено и дискретно. Подигнувањето на гласот е големо табу.

2. Ако користите стапчиња за јадење, треба да го знаете ова

Јапонците ќе бидат импресионирани ако користите стапчиња за јадење за време на ручекот, но никогаш не ставајте ги стапчињата вертикално во чинија со ориз – ова потсетува на погребен ритуал. Ако треба да ги оставите, секогаш користете држач за стапчиња до чинијата. Избегнувајте да ги користите стапчиња за додавање храна на другите, бидејќи ова е уште едно табу. Кога ги делите јадењата, користете стапчиња за да ја земете храна и ставете ја на чинија пред да ја изедете. И не ги тријте стапчињата заедно – непристојно е.

3. Тетоважите се кај нив сѐ уште табу

Иако тетоважите во многу западни земји, се речиси норма, а не исклучок, тие во голема мера се сметаат за табу во Јапонија, меѓу другото, бидејќи се поврзани со организираниот криминал низ историјата на Јапонија. Во секој случај, ако имате видливи тетоважи, треба да очекувате дека ќе ви биде забранет традиционалниот јапонски онсен. Вашите видливи тетоважи, исто така, треба да бидат маскирани во било какви базени или спортски сали. Се разбира, постојат исклучоци од сите овие правила, но добро е да се распрашате однапред.

4. Не оставајте бакшиш во ресторан

За разлика од остатокот од светот каде што бакшишот е пожелен, на некои места дури и задолжителен, Јапонија нема култура на давање бакшиш, дури може и да се разбере како навреда. Услугата е вклучена во сметката во рестораните, па дури и таксистите одбиваат да ја заокружат цената. Ако оставите неколку монети на масата, келнерот сигурно ќе потрча по вас за да ви го врати заборавениот бакшиш.

5. Избегнувајте разговор по телефон во јавен превоз

Јапонците имаат тенденција дискретно да ги користат мобилните телефони и ќе ги скратат телефонските разговори на неколку реченици кои ќе ги изговорат тивко. Додека патуваат со јавен превоз, многу луѓе се зафатени со телефон за допишување, слушање музика или читање, но повиците се многу ретки.

6. Кога ќе влезете во нечиј дом, собујте ги чевлите!

Истото важи и за храмовите, училиштата и некои ресторани, Јапонците сметаат дека чевлите се нечисти и често ќе понудат папучи за носење низ куќата. Некои ресторани во кои се јаде на простирки на под, го следат правилото за собување, но тие не нудат влечки. Освен кога одите во тоалет, таму ќе ве чекаат влечки за тоалет.

7. Не влегувајте во бањата без претходно туширање

Повеќето јапонски куќи имаат када која честопати е веќе наполнета со загреана вода. Тие се резервирани за релаксација, а не за перење. Оваа традиционална јапонска када наречена фуро често има квадратна форма и е помала, но подлабока од конвенционалната западна када. Пред да влезете во кадата, потребно е темелно туширање со помош на туш кој обично се наоѓа во близина. Ако посетувате јавна бања или onsen, важи и правилото за „прв туш“ пред да влезете. За onsen важат други правила: Костимите за капење не се дозволени, косата треба да биде врзана за да не заврши во вода, никогаш не дозволувајте крпата да ја допре водата и не пливајте во onsen.

8. Во Јапонија никогаш не се оди „преку ред“

Јапонија е неверојатно организирана држава. Ако постои линија за чекање во редот, мора да ја почитувате. Кога го чекате возот, мора да застанете во редот. Возот ќе застане точно пред вас, ќе ја отвори вратата за да можете да влезете без туркање.

9. Избегнувајте брза храна

Во Јапонија, луѓето обично не јадат и не пијат во движење, на улица. Брзата храна која се продава на уличните тезги се јаде стоејќи на одредени места (честопати означени со линии). Пијалоците купени на голем број автомати достапни на јавните места исто така се конзумираат веднаш, а конзервите или шишињата се фрлаат во корпа за рециклирање до автоматите. Слично на тоа, јадењето или пиењето во јавниот превоз се смета за недолично однесување, но се прави исклучок за возови на долги релации.

10. Никогаш не го секнувајте носот на јавно место

Јавното дување на носот во Јапонија се смета за непристојно. Најдете тоалет или некое друго приватно место. Дури и пред пандемијата, во Јапонија било вообичаено да се гледаат луѓе кои носат маски за лице на јавно место, особено во зима. Тоа значи дека имаат настинка и сакаат да избегнат ширење на бактерии.