Барале дрога, нашле НЛО ! Американците конечно објавиле што снимил нивниот надзорен авион во Аризона

1257

Luis Elizondo, поранешен „инсајдер“ од Пентагон, потврди за The Sun дека снимката е автентична.

Во четвртокот наутро, конечно е објавена исклучително интересна снимка, снимена на 23 ноември 2019. година, околу 21 часот, во Tucson, Аризона.

Снимено е од авион RC-26 во сопственост на американското Министерство за внатрешна безбедност, кој ја набудувал областа во потрага по шверцери на дрога.

Меѓутоа, наместо хероин или кокаин, тој авион за надзор забележал непознат летачки објект, кој поради неговата форма е опишан како „гумена патка“.

Леталото се движело со брзина помеѓу 140 и 320 километри на час, долг приближно два метри, а набљудувачите биле многу збунети од фактот што молскавично ги менувал брзината и правецот.

Ниту авион, ниту балон, ниту дрон

Luis Elizondo, поранешен „инсајдер“ од Пентагон, потврдил за The Sun дека снимката е автентична, но исто така го изразил и своето лично мислење дека станува збор за неколку балони.

Сепак, Dave Falch, експерт за термички оптички системи, објаснил дека не се согласува и дека објектот на снимката најверојатно не е авион, балон или некаков модифициран дрон.

“Внимателно ја прегледав снимката и целосно сум збунет. Немам идеја за што може да станува збор”, ја пренесе The Sun неговата изјава.