Докажано | Детето би требало да спие со мајката до четвртата година

139

Експертите сметаат дека новороденчето би требало да спие на мајчините гради првите неколку недели од животот, а се препорачува спиење во ист кревет до возраст од три или четири години.

– Доколку спијат одвоено, мајката и детето потешко се поврзуваат, а тоа е штетно за развојот на мозокот и води кон проблематично однесување во подоцнежните години, вели педијатарот др. Нилс Бергман од Универзитетот во Кејптаун.

Набљудувајќи 16 новородени бебиња, Бергам открил дека оние кои се ставени на спиење во одвоени кревети, спиеле полошо од бебињата, кои била на мајчините гради. Утврдено е и дека срцињата на бебињата, кои биле сами биле под три пати поголем стрес, отколку кај бебињата кои спиеле со мајките.

– Промените во мозокот, кои настанувата поради отпуштање на хормонот на стрес можат да го отежнат создавањето на квалитетни врски подоцна во животот и да водат кон различни проблеми во однесувањето, вели Бергман.

Некои студии го поврзуваат заедничкото спиење со зголемениот ризик од смрт во колевка, но Бергман вели дека кога бебињата се задушуваат или умираат за време на спиењето, тоа не е затоа што мајката била со нив. Тоа се случува поради други работи, токсичен чад, цигари, алкохол, големи перници и опасни играчки.

Британската организација National Childbirth Trust го поддржува заедничкото спиење доколку родителите не пушат, не пијат, не користат дроги и не се болни или претерано уморни.

Од друга страна некои експерти сметаат дека најбезбедно место за спиење на бебето е неговото креветче, сместено во собата на родителите.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување