Мртвото тело се распаѓа по 100 години, а еден дел, за кој секојдневно се грижиме, никогаш не исчезнува

2652

Нашето тело се состои од над двесте коски, неколку трилиони микроби и над 37 трилиони клетки, а по смртта на некои органи им требаат неколку години за целосно распаѓање, додека некои делови никогаш не исчезнува – нашите заби.

Неколку минути по смртта

Првото нешто што почнува да се распаѓа по смртта е нашиот мозок, пишува „Business Insider“. Кога нашето срце престанува да чука, протокот на крв што пренесува кислород до нашите органи и ткива запира. Без крв, органите на кои им треба најмногу кислород почнуваат да се распаѓаат.

По неколку часа

Процесите се менуваат и во дигестивниот систем. Микробите што се наоѓаат во неа и ни помагаат да ја вариме храната, веќе нема што да јадат, па затоа почнуваат да бегаат. Од цревата, тие патуваат низ ткивата и крвните садови до црниот дроб и жолчното ќесе, што трае само неколку часа. Кога ги јадат овие органи, жолчката се излева од жолчното ќесе, што ни помога во варењето на мастите за време на нашиот живот, а телото добива жолто-зелена боја.

По неколку дена

Два до четири дена по смртта, микробите се наоѓаат низ целото тело. Тие почнуваат да произведуваат токсични гасови како амонијак и водород сулфид, кои предизвикуваат отекување на телото и почнуваат да смрдат.

По неколку месеци

По три или четири месеци, телото ја менува бојата во кафеаво-црно, бидејќи крвните садови пропаѓаат, а железото во нив почнува да оксидира. Приближно во исто време, молекуларната структура која ги држела клетките заедно се распаѓа, а ткивото се претвора во водена кашеста маса.

Продолжува на страна 2