После една година
Нешто повеќе од една година по смртта, памучната облека на телото се распаѓа под влијание на киселини и токсини од телото. После тоа, не се случуваат големи промени долго време.
По десет години
Десет години по смртта, со доволно влага и мала содржина на кислород, се активира хемиска реакција што ги претвора масните наслаги на бутовите и задникот во маса слична на сапун, наречена мртов восок. Во услови кога нема доволно влага, се јавува природна мумификација.
По педесет години
По 50 години, ткивото исчезнува, оставајќи мумифицирана кожа и тетиви. Со текот на времето, тие исто така ќе се распаднат, така што 80 години по смртта ќе останат само коските во кои колагенот полека ќе исчезне, по што ќе остане само кревка минерална структура.
По сто години
Сто години по смртта, коските се распаѓаат во прашина. Сепак, во телото постои една работа што е крајно трајна и нема да исчезне неколку илјади години, а тоа се нашите заби.
Судскиот археолог од Универзитетот во Сиднеј, Естел Лазер, објаснува дека причината за ова е фактот дека бактериите што предизвикуваат расипување на забите не можат да преживеат по смртта на домаќинот.
Забите лесно се расипуваат во текот на животот, но по смртта тоа запира. Забите обично траат доста долго, дури некои десетици илјади години, рече таа за „ABC Science“.



















