СЛОБОДОУМИЕ или МАЛОУМИЕ … | Татјана Алексиќ

162

Слободоумните професии, како новинарството, мора да внимаваат со изборот на јазичните единици и слободата на говорот!

Слободата на говорот, мора да се поткрепи на вистинити факти, професионално и проверено аргументирани.

Слободоумие не значи обликување според сопствени убедувања или преобликување во име на поголем тираж, чии бескруполозни алатки најчесто се скандалозност и сензационалност.

Сите имаме очајна потреба за вистинска информација во вистинско време,токму во едно политички хаотично невреме !

И не е едноставно да останеш здрав во нездраво општество, да дишеш со полн капаците џагаден воздух, да си креативен до “даска” и од даски да направиш брод со развиени едра….

Со љубов да топиш омраза,

да сакаш слободоумно до малоумност,

оти само во љубовта ирационалноста е “седи оправдано”.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.