Наставничка им предава дома на оние децата кои немаат интернет | Видео

202

Наставничката Гамзе Арслан од Турција имаше само една цел кога заврши на Факултетот за образование – да ги научи децата на сè што им треба кога одат на училиште.

Затоа таа беше многу загрижена оваа година кога корона вирусот започна да дивее. Преминавме на часови преку Интернет, а таа беше свесна дека има многу деца од руралните средини кои немаат ниту компјутер дома.

Затоа, таа тргна да ги посетува дома и да им држи лекции за да бидат во чекор со оние што го прават тоа преку Интернет. Нејзиниот гест ги воодушеви сите.

Имаме Интернет на училиште, но невозможно е да ги научиме децата кои немаат дома. Значи, сега предавам одејќи од врата до врата, носејќи табла со мене, рече Арслан, која работи во областа Ван во Тусба, каде има десетици села, пишува ВВС.

Можеби нема интернет, но затоа постои наставничка Гамзе, е еден од насловите во медиумите, а нејзините напори беа пофалени од локалните власти.