Овие зеленчуци кога се термички обработени се повкусни

1833

Постојано слушаме дека сировиот зеленчук е подобар од термички обработениот, што во главно е точно, но тоа не важи за секој зеленчук.

Со готвењето на одреден зеленчук се разбива нивната структура, за да може нашиот организам полесно да ги впие хранливите состојки.

На оваа листа зелечуци се:

Морков

Антиоксидансот бета каротен кој се наоѓа во морковот, за нашиот организам подобро е да го јадеме зготвен. Сировиот морков е вкусен и одличен избор за меѓуоброк, но зготвен, желудникот подобро го вари.

Спанаќ

Приготвениот спанаќ има двојно повеќе калциум од сировиот, а организмот полесно ги апсорбира железото, магнезиумот и антиоксидансите.

Кељ

Со готвењето на кељот, се зголемуваат количините на витамините А и К, како и корисните влакна.

Печурки

Едноставно, печурките мора термички да се обработат, за да се избегне ризикот по здравјето, бидејќи со готвењето се „убиваат“ токсините кои би можеле да предизвикаат труење. Печурките обично тешко се варат сирови, а не се ниту така вкусни кога се „живи“.