Студијата спроведена на University of New York покажа интересни резултати кои ги покажуваат придобивките од секојдневните прошетки во паркови и природа.
Научниците од Cornell University во New York неодамна спровеле истражување во САД, чии резултати се доста интересни и даваат сосема нова перспектива и потенцијален лек за проблемите со хроничното воспаление.
Секако, доколку имате здравствени проблеми, јасно е дека првото нешто што секогаш треба да направите е да се јавите кај вашиот лекар за да ја примите терапијата, но секако не треба да ги игнорирате ниту резултатите од ова истражување.
Спроведена е на повеќе од 1.200 луѓе од двата пола на возраст меѓу 34 и 84 години, а се фокусира на влијанието на секојдневните прошетки во парковите врз здравјето на луѓето, поточно, на хроничното воспаление. Резултатите од студијата, имено, покажале дека постои поврзаност помеѓу времето поминато во природа и шетањето во паркови и пониските нивоа на хронично воспаление. Ваквите резултати се доста ветувачки, а јасно е дека научниците ќе продолжат со понатамошни истражувања бидејќи еден ден би можеле да покажат дека за подобра општа здравствена состојба на населението, од големо значење ќе биде да им се овозможи на луѓето пристап не само до болниците и клиниките, но и кон парковите и природата воопшто.
Интересно е што конкретната причина зошто природата и прошетките во паркот позитивно влијаат на нашето здравје – не се познати.
Според една теорија, причините би можеле да бидат микробиомите ослободени од растенијата и почвата кои реагираат со бактериите во човечкиот стомак и на тој начин го штитат човечкото тело од воспаленија поврзани со многу хронични болести, вклучувајќи рак и срцеви заболувања, додека друга теорија е многу поедноставна. Имено, шетањето во природа го намалува стресот, кој често се гледа како еден од главните предизвикувачи на воспаленија.
Врз основа на добиените резултати, студијата нагласува дека за поединци, како прв третман за воспаление, лекарите би можеле да препишат дневни прошетки во паркот, наместо лекови кои можат да бидат скапи и можат да имаат несакани ефекти, објави Daily Mail.
Како што покажаа бројни студии, можеме да дејствуваме проактивно и против болестите, пред се гледајќи што јадеме, но и со физички активности и вежбање, а секако би било корисно да ги вклучиме прошетките по парковите и природата во нашето секојдневие.
Извор: Daily Mail



















